сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 90
home Познати

Славната актерка со шокантно признание: Станав зависна по два третмана

Славната актерка со шокантно признание: Станав зависна по два третмана

Камерон Дијаз денес има 47 години и жали што идела на ботокс третамни кои што повеќе и наштетиле отколку што и помогнале.

Тешко е да се пронајде некоја актерка во Холивуд која што не користи ботокс и додека некои тврдат дека брчките им исчезнале со помош на креми или некои козметички третмани, актерката Камерон Дијаз јавно признала дека користела ботокс и станала зависна од тоа по само два третмана. Дијаз припаѓа во категоријата на мал број актерки кои јавно за тоа зборуваат, а оваа тема ја напишала и во нејзината книга „Книгата на моето тело“ . Во книгата признала колку жали поради тоа што користела ботокос третмани.

-Доволни беа два третмана за да станам зависна од ботокс и тоа ме убиваше. На крај ботокосот ми го промени изразот на лицето, тоа веќе не бев јас и тогаш сфатив дека претерав и дека сакам да стареам така што и понатаму би можела да си го препознаам своето лице во огледало, раскажала актерката за своето искуство со ботокосот.

Актерката кажува дека оставила лоша исхрана оставила најголема дамка на нејзиното лице. Бидејќи била природно слаба, никогаш не обраќала внимание на тоа што јаде, па често знаела да си допушти нездрава храна која што била фатална за кожата на нејзиното лице.

Брчките повеќе не и пречат, се гордее со нив, а особено на брчките кои што и се појавуваат кога се смее. На почетокот на годината, 47-годишната актерка и нејзиниот сопруг Бенџи Маден, на социјалните мрежи споделија вест дека станале родители на девојче на кое и го дале името Радикс.

-Среќна нова година од Маденс! Ние сме пресреќни, благословени и благодарни што можеме да го објавиме раѓањето на нашата ќерка Радикс Маден. Во истиот момент ни ги зароби срцата и го потполни нашето семејство, напишала Камерон.

Камерон не е единствена ѕвезда која што јавно признала дека жали за тоа што користела ботокс, јавно признале и Никол Кидман, Кајли Џенер, Кортни Кокс…..

 

Коронавирус