среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Познати

Славната актерка шокираше: Јас и татко ми заедно се дрогиравме!

Славната актерка шокираше: Јас и татко ми заедно се дрогиравме!

Актерката Џејми Ли Кертис во интервју за магазинот Верајети отворено проговори за својата борба со зависност, а откри дека извесен период се доргирала заедно сос својот татко, познатиот актер Тони Кертис.

– Знаев дека татко ми има проблеми како моите, па ја споделувавме дрогата. Имаше моменти кога јас бев единствено дете што сакав да разговарам со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Мојот брат Никола почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година – раскажа актерката.

Таа споделувала кокаин со нејзиниот татко, признава Џејми.

„Тоа беше единствен пат кога земав кокаин и едно време земавме заедно. Тој беше чист некое време, обидувајќи се да се откаже околу три години, но тоа не можеше да потрае“, рече Џејми.

Во 2010 година, Тони почина од срцев удар на 85-годишна возраст, а Џејми се дрогираше со таблети против болки речиси 10 години.

– Постојатно земав дрога, ги крадев, лажев. Никој не знаеше. Никој – признала Џејми.

Дури во февруари 1999 година, кога за првпат се пријавила на одвикнување, за тоа таа му признала на сопругот Кристофер Гостин, со кого е во брак 33 години.

– Одлучив да го прекинам тој циклус кој ги уништи животите на генерации на моето семејство. Тоа што останав трезна беше моето најголемо достигнување во животот. Поголемо од тоа што пронајдов сопруг, поголемо од тоа да имам две деца, поголемо од секој деловен успех. Поголемо од сè – рекла актерката, која е трезна последните 20 години, но сепак и понатаму присуствува на состаноците за лекувани зависници.