петок, 30. септември 2022. Вести денес: 140
home Познати

Славната актерка преживеала пекол: Родителите ја сместиле во ментална болница бидејќи била бремена

-Во тоа време, да се роди вонбрачно дете беше незамисливо. Добив ќерка, која веднаш ја дадов на посвојување, бидејќи сакав да има дом, да биде размазувана, а јас тоа не можев да ѝ го озвозможам. После пораѓајот, се вратив во куќата на моите родители. Бев тажна и скршена. Толку млада, а веќе сништата за совршен семеен живот ми завршија, вели Џули за Космополитен.
Славната актерка преживеала пекол: Родителите ја сместиле во ментална болница бидејќи била бремена

Актерката Џули Маникс забременила на 19 години, кога таа речиси не можела да се грижи за себе. Таа воопшто не ни помислила дека нејзините родители би ја сместиле во ментална болница како казна за “валкањето” на семејното име.

Сепак, тоа ѝ се случило, а после долги години ја напишала книгата “Тајни бури” посветена на пеколот низ кој поминувала поради љубовта и срамот од кои никој не сакал да ја заштити.

Младата Џули забременила од тогашното момче Френк, за кој подоцна дознала дека е оженет. Во тој период абортусот бил нелегален, па родителите одлучиле да ја сместат во ментална болница за да ги поштеди од “срамот”.

-Седев во студена просторија, зелени ѕидови околу мене и луѓе кои постојано зборуваат нешто. Јас бев во трет месец од бременоста. Беше навистина страшно, зборува Џули.

На 19 април, 1964 година ја роди својата прва ќерка, Ејми, откако поминала седум месеци со луѓе кои навистина имаат психички проблеми.

-Во тоа време, да се роди вонбрачно дете беше незамисливо. Добив ќерка, која веднаш ја дадов на посвојување, бидејќи сакав да има дом, да биде размазувана, а јас тоа не можев да ѝ го озвозможам. После пораѓајот, се вратив во куќата на моите родители. Бев тажна и скршена. Толку млада, а веќе сништата за совршен семеен живот ми завршија, вели Џули за Космополитен.

Сепак, Френк и Џули стапиле во брак во 1965 година и добиле уште две деца, два синови. Но, од 1964 година го славеле роденденот на Ејми, а потоа дознале дека нивната Ејми е всушност Кејтлин Мери Вислер. Некогашното девојче, а сега жена, растела со добро семејство, а откако нејзината мајка починала, имала проблеми со својата маќеа. На 12 година Ејми дознала дека била посвоена.

Потоа следувале тешки години, па откако и Кејтлин добила свои деца и се распрашувале за нивната баба, таа се одлучила да ги побара биолошките родители.

Потребни им биле 44 години за семејството повторно да се обедине.

Најнови вести

Коронавирус