понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 154
home Познати

Славната актерка откри: Ѕвездите лaжат за начинот на кој губат килограми

Славната актерка откри: Ѕвездите лaжат за начинот на кој губат килограми

Џенифер Лоренс, која е позната по тоа што не го поднесува лажниот холивудски гламур, уште еднаш ги разобличи своите колеги за нивното лицемерство.

Во интервју за InStyle, актерката сподели дека сака сите да бидат „поискрени“, кога станува збор за намалување на килограмите.

– Ако тежиш девет килограми под нормата, а зборуваш како постојано јадеш пица и пилешко, тоа нема да ги натера луѓето да се чувствуваат подобро во своето тело, вели Џенифер.

Иако актерката не спомена конкретни имиња, Бела Хадид е пример за такво однесување. Моделот сподели во Инстаграм како оди нејзината диета со пица за време на нејзините подготовки за „Мет Гала“.

– Кога треба да се појавам на „Оскар“ или на филмска премиера … Нема да лажам. Јадам различно, за да влезам во фустаните, кои ги подготвиле за мене. Не се плашам да го признаам тоа, рече уште Лоренс.

Високоплатената актерка не го поднесува лицемерието во светот на познатиот. Откако излегоа мноштвото обвиненија за сексуално малтретирање против познатиот продуцент Харви Вајнстин, Џенифер одлучи да зборува за своето горчливо искуство со дискриминацијата.

Тогаш ѕвездата откри дека продуцентка ја натерала да позира гола до послаби од неа девојки како „мотивација“ да се подложи на диета. Лоренс се обидела да се одбрани, но таа била „фатена во стапица“. Таа дозволила да се однесуваат на овој начин со неа поради развој на нејзината кариера. Во сегашноста, односот кон неа бил сосема поинаков, бидејќи таа веќе е славна личност.

Џенифер беше финансиски погодена од скандалот со Вајнстин. Неговата „The Weinstein Company“ и должи на неа и на нејзината колешка Мерил Стрип по 100.000 долари по прогласувањето на банкрот.

Коронавирус