понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 0
home Познати

Славната актерка обвинета дека сексуално злоставувала малолетник

Славната актерка обвинета дека сексуално злоставувала малолетник

Џејми Лунер, ѕвезда на серијата “Melrose Place”, е обвинета дека имала сексуални активности со еден малолетник во далечната 1998. година, пренесува порталот TMZ.

Пријавата во полицијата во Лос Анџелес ја поднел еден маж на возраст од 30-тина години, кој тврди дека имал 16 години кога актерката орално го задоволувала. Таа тогаш имала 26 години.

Органите за ред го истражуваат овој случај, а Лунер уште не се огласила по повод овие обвиненија.