сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 34
home Познати

Славната актерка исчезна и сите стравуваа од најлошото: Мистеријата е решена, еве каде била и што сега мора да направи

Славната актерка исчезна и сите стравуваа од најлошото: Мистеријата е решена, еве каде била и што сега мора да направи

Кина ѝ нареди на филмската ѕвезда Фен Бинбинг, која пред неколку месеци без објаснување исчезна од јавноста, да плати 884 милиони јуани (129 милиони долари) казна за затајување на данок, објави новинарската агенција Ксинхуа во екот на операцијата против затајување на данок во забавната индустрија.

37-годишната глумица, чие таинствено исчезнување во јуни покрена гласини за тоа што ѝ се случило, на крајот се потврди дека таа била во домашен притвор.

Ксинхуа наведува дека истрагата на кинеските даночни власти покажала дека Фен затајувала данок. Кон крајот на месец мај во јавноста преку неколку кинески социјални мрежи протече филмскиот договор кој го потпишала. Според пишувањата на тамошните медиуми глумицата имала два различни договори, еден официјален во кој пишувало дека е платена околу 1,5 милиони долари и друг приватен според кој пишуваше дека добила 7.5 милиони долари.

Станува збор за јин јанг договор, пракса која е добро позната во Кина, а тоа е облик на избегнување за плаќање на данок, каде првиот, помалиот договор се прикажува кај државните служби, додека вториот се третира како неоданочен приход.

Официјалните лица во источната покраина Џиангсу донесе одлука за нејзиниот случај дека треба да плати казна од околу 596 милиони јуани или 86,78 милиони долари за избегнување на данокот и процениле дека нејзините даноци се поголеми од 288 милиони јуани или 41,93 милиони долари.

Во писмото на нејзиниот официјален Фејсбук профил Фен вели дека сосема ја прифаќа одлуката на власта. Имено, Фен е пуштена од домашен притвор пред две недели.

Најнови вести

Коронавирус