сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Познати

Славната актерка го победи ракот: Помислија дека умира, а таа се врати посилна

Ракот на дојката лекарите го откриле во февруари 2015 година, по што актерката се подложила на мастектомија, хемотерапија и радијација.
Славната актерка го победи ракот: Помислија дека умира, а таа се врати посилна

Холивудската актерка Шенон Доерти, позната како Бренда Волш од популарната серија „Беверли Хилс“ го победи ракот на дојката.

Таа долго време се бореше со болеста и скоро секој чекор од лекувањето го споделуваше со своите следбеници на „Инстаграм“. Со ова, изјави таа неколку пати, сака да ја зголеми свесноста за ракот и за редовните прегледи со кои оваа болест би се детектирала рано и би се излечила успешно.

Ракот на дојката лекарите го откриле во февруари 2015 година, по што актерката се подложила на мастектомија, хемотерапија и радијација.

Шенон повторно му се врати и на филмот. Таа глумеше во римејкот на филмот Heathers. Ова беше нејзин прв ангажман по долго време.

Актерката се појави и на премиерата на филмот и пред присутните одржа говор во кој ѝ се заблагодари на целата екипа, луѓето што ја поддржувале во текот на снимањето и покрај здравствените проблеми со кои се борела.

 

 

Најнови вести

Коронавирус