вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 115
home Познати

Скопјанката Елеонора во „Задруга2“ си ја отвори душата и проговори за љубовните проблеми

Скопјанката Елеонора во „Задруга2“ си ја отвори душата и проговори за љубовните проблеми

Претходната сезона на реалното шоу „Задруга“ ги сруши сите рекорди како во Србија, така и во регионот.

По успешната прва сезона започна и втората, а во неа се најде и скопјанката Елеонора Миљковиќ која има завршено Правен факултет, а исто така се занимава и како блогерка.

Во своето претставување пред да влезе во „Задруга2“, таа истакна дека не може да замисли врска внатре во реалното шоу.

Елеонора овој пат за својата интима прозбори со Лазар Јеремиќ Јера со кого зборуваше за своите љубовни врски.

Скопјанката му призна дека имала момче кое многу го сакала, но и дека се уште го сака.

„Јас на 25 години сакав да се омажам. Навистина се разочарав. Имав врска долга седум години. Прва и последна. Ние сме два различни света, но го сакам. Тој од мене е помлад шест месеци. Тој е многу љубоморан, а мразам што го сакам. Го сакам повеќе од себе“ вели Елеонора.

Потоа, и Лазар си ја отвори душата и прозбори за љубовната врска со партнерката за која многу тагувал.

„Детска љубов. Влегов во реалити и запознав една црнокоса, па се “смував“ со неа. Таа ми кажа дека никогаш не била на море. Јас ги спакував куферите и заминавме на море 10 дена. Таа сакаше да биде манекенка, а јас знаев како се прави тоа. По 3,4 недели ми напиша: „не ми се допаѓаш повеќе“. Таа беше на час по математика и јас влегов и реков да ми повтори тоа што ми го пиша и ми кажа дека не и се допаѓам повеќе“ вели Лазар на Елеонора.

Ако судиме по она што го кажаа тие се романтични души, а кога повторно ќе најдат нова љубов останува видиме.

Вистина.мк