понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Познати

Скандалозниот репрезентативец на Хрватска на својата сопруга и купи златна маска за телефон- од нејзината цена ќе подзинете (ФОТО)

Скандалозниот репрезентативец на Хрватска на својата сопруга и купи златна маска за телефон- од нејзината цена ќе подзинете (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативец Домогој Вида на својот Инстаграм профил се пофали со луксузна маска за Ајфон изработена посебно за фудбалерот.

Станува збор за маска за телефон изработена од 24 каратно злато, а на истата се гледа фотографија од него и неговиот син додека пишува „Мама те сакам“.

Според посветата маската е наменета за неговата сопруга Ивана.

Хрватските медиуми пишуваат и дека според пресметката оваа маска на интернет може да се најде по цена од 2.500 евра па нагоре.

Инаку фудбалерот е познато дека не штеди пари за луксузни подароци кога станува збор за неговата сопруга.

Коронавирус