среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Скандал во кралското семејство: Жестока кавга меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл

Скандал во кралското семејство: Жестока кавга меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл

Вистински скандал го тресе кралското семејство, јавуваат светските медиуми.

Имено, според нивните пишувања, односот меѓу војвотките од Кембриџ и Сасекс од пријателски преминал во натпреварувачки, бидејќи Кејт Мидлтон наводно одбива да и помогне на Меган да се прилагоди на животот во кралското семејство.

Мидлтон наводно не сакала да и помогне на Меган, сопругата на принцот Хари, бидејќи сметала дека Маркл сака да ја надмине.

Мидлтон сметала дека вложила многу труд и време во пријателството со Меган, но имала впечаток дека не и е возвратено во иста мера и не сака да биде искористена, пренесуваат светските медиуми.

Медиумите наведуваат дека Кејт знаела дека Меган ќе биде на мета на критики откако на роденденот на кралицата се појави во фустан со голи раменици, но одлучила да не ја предупреди за тоа.

Дел од британските медиуми тврдат дека Кејт Мидлтон има впечаток дека сликата за совршената кралска војвотка, која ја градела со години, сега е ставена во втор план. Првиот план е резервиран за Меган која и не внимава на правилата на кралското семејство.

Принцовите Вилијам и Хари наводно биле уморни од ова натпреварување меѓу своите сопруги и сметаат дека работите веќе излегле надвор од контрола, пишуваат светските медиуми.

Коронавирус