вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 164
home Познати

Скандал: Поранешната и сегашната жена на српскиот фудбалер се степаа пред зградата во која тој живее

Скандал: Поранешната и сегашната жена на српскиот фудбалер се степаа пред зградата во која тој живее

Поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, сега фудбалски менаџер Ненад Јестровиќ и неговата поранешна сопруга Тамара жестоко се пресметаа пред неговата зграда во Белград.

Ненад и Тамара, кои веќе неколку години се разведени, се скарале кога таа доаѓала да го земе својот син, кој бил кај татко му.  Очевидците тврдат дека набргу и актуелната сопруга на Ненад, Мими, се  вклучила во кавгата. 

Скандалот се случил пред влезот на зградата каде што неговата поранешна сопруга Тамара, според фудбалерот, дошла пијана и физички ја нападнала неговата сегашна сопруга Мими, по што таа била пријавена во полиција за насилство. 

Со Тамара, исто така, бил и нејзиниот нов партнер, кој откако се’ се смирило ја однел дома.

Сé уште не е познато зошто поранешните брачни другари точно се спречкале, но не е тајна дека тие се во исклучително лоши односи и дека нивниот развод бил крајно бурен.

Вистина.мк

Коронавирус