сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 48
home Познати

Скандал ја тресе Британија: Се појавија бизарни детали од минатото на Меган Маркл

Скандал ја тресе Британија: Се појавија бизарни детали од минатото на Меган Маркл

Војвотката од Сасекс Маеган Маркл пред бракот со поранешниот сопруг Тревор Енгелсон (42) потпишала бизарен „договор за бременост“ со кој бара дадилка, приватен тренер и нутриционист за да може што побрзо по раѓањето да се врати во форма, пишува Дејли Меил.

Наводно Меган со тоа сакала да биде сигурна дека таа и нејзиното дете ќе ги добијат сите луксузи кои таа смета дека се потребни, доколку дојде до бременост. Сепак, таа и Тревор никогаш немале деца.

Според неговите зборови, Меган била толку многу загрижена поради последиците од бременоста, па примарна цел и било да се врати брзо во форма и да продолжи да работи.

Затоа барала Тревор да потпише дека ќе и плаќа личен тренер и нутриционист за да ја врати старата „фигура“. Во договорот била вклучена и задолжителна дадилка.

-Темата се појави во време кога размислуваа да основаат семејство во блиска иднина. Знаеше дека е склона кон дебелеење, гледајќи ја семејната историја и секогаш се ужаснуваше од тоа, особено поради кариерата. Кога малку ќе се здебелеше, тоа ќе и се познаеше на лицето и сакаше да се осигура дека брзо ќе се врати во форма за камерите, изјавил пријател на војвотката која пред десетина дена објави дека со принцот Хари го чекаат своето прво дете.

Изворот тврди дека тие разговарале и за дадилка, но најважно и било нејзиното здравје и дебелината.

Тревор по бракот со Меган, среќата ја пронајде со нутриционистката Трејси Курланд, со која е во врска со јануари 2017 година, а неодамна и се венчаа.

Коронавирус