недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Познати

Сите знаат каде е Боки 13, ама знае ли некој каде му е најверниот другар: Каде исчезна Сергеј Варошлија? (ФОТО)

Сите знаат каде е Боки 13, ама знае ли некој каде му е најверниот другар: Каде исчезна Сергеј Варошлија? (ФОТО)

Се знаат оддамна, ама последниве година ипол -две, беа неразделни. Како грнче и капаче, како петок и сабота… Беа како како „г*з и гаќи“ што би рекол народот, како браќа… До душа „топли“ – тврдат некои, ама тоа е нивна лична работа. Аферата „Рекет“ што ја тресе земјава ги раздвои, па нивната дружба е оневозможена на „неодредено“ време.

За Боки 13 сите знаат каде се наоѓа во моментов, но знае ли некој каде е неговиот моден ангел чувар, Сергеј Варошлија? Емисијата на „модниот гуру“ му заврши пред аферата „Рекет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните. Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа од разни локации, воглавном по Грција и грчките плажи.

Но, откако Боки 13 „падна“, Сергеј исчезна! И тоа преку ноќ! До душа во моментот на лишување од слобода на „Тредичи“ на граничниот премин Богородица, добро упатените тврдат дека Сергеј не бил со него во џипот, со кој Боки и двочлената женска придружба тргнале на грчкиот остров Миконос. Тоа ги подгрева теориите дека „другарчињата“ уште претходно ја „спукале“, како што тврдат поединци, иако оваа теза не е докажана!

Други пак велат дека Сергеј толку се потресол и исплашил, што бил на работ „да му пукне душата“… Што по другарчето, што заради себе, па решил едноставно да исчезне на некое време од јавниот живот.

1ТВ е на „испуштање душа“, па телевизијата повеќе не емитува програма, освен бајати репризи, а некои наши извори тврдат дека заради неплатени долгови од вчера, 15 август 2019 година таа повеќе не е ниту во сопственост на старите сопственици или барем на оние, што така се преставуваа и оди на продажба. Порталот на 1ТВ е се’ уште активен, ама и таму Сергеј оддамна го нема!

Како што преку ноќ го снема и од социјалните мрежи, па неговите профили на Фејсбук и Инстаграм останаа „замрзнати“ без нови објави уште од почетокот на јули!

 

Нема нови постови, фотографии, коментари… Нема ништо освен временска празнина!

 

На местата каде што обично можел претходно да се забележи повеќе не се појавува, на јавни собири уште помалку, па сето тоа наведува на уште една помисла: Каде е, дали и зошто воопшто се крие „модниот гуру“?

Има ли нешто што само Варошлија го знае или едноставно не можејќи да го поднесе „распадот на империјата“, самиот се повлече во илегала… За да „не му пукне душата“!

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК