Светските медиуми на големо го следат животот на Бредли Купер по раскинувањето со Ирина Шајк, па така е познато дека по овој прекин на врската тој излезе со уште неколку славни девојки на вечера.
И додека се одмора од филмските ангажмани овие денови тој замина во камп на Сицилија каде соседи му се Опра Винфри, Кети Пери, и Орландо Блум, додека папараците го следат секој негов чекор.
Овој пат тој стана хит на социјалните мрежи откако се намачкал со крема за сончање само на својот нос.
„ОК, сакате ли да позборуваме за тоа како Бредли Купер ја нанел кремата за сончање или…“, е еден од илјадниците коментари под фотографијата оставен токму од екипата на магазинот „Пејпер“.
loading...