четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 91
home Познати

Сите гледаа во лицето на Деми Мур, актерката во борба против своите години

Сите гледаа во лицето на Деми Мур, актерката во борба против своите години

Се одржа гламурозната церемонија на британските модни награди, а најголемо внимание на црвениот тепих привлече Деми Мур. За жал, никој не зборуваше за нејзиното модно издание, но сите шепотеа за изгледот на нејзиното лице.

Оваа актерка се појави во блескав коктел фустан на Фенди, а имаше и секси кожени ракавици.

Дали е за пофалба фактот што изгледа како да не старее, мислењата се поделени.

Нејзините јаболчници дополнително се нагласени, а кожата е целосно мазна, без никакви брчки.

Има коментари дека целата форма на лицето на Деми е сменета од аголна во тркалезна. Брчките, фините линии или дури и порите ги нема.

Нејзината кожа од врвот на челото до брадата, па дури и на вратот, е позатегната од кога било, поради што нејзиниот тен изгледа неприродно мазен.

Се чини дека актерката не направила ништо само со усните, кои изгледаат природно во споредба со остатокот од нејзиното лице.

Најнови вести

Коронавирус