среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Познати

Сите детали за породувањето на Александра Пријовиќ: Снаата на Брена со третман како царица!

Сите детали за породувањето на Александра Пријовиќ: Снаата на Брена со третман како царица!

Пејачката Александра Пријовиќ, следниот месец на свет треба да донесе машко дете, па по долго размислување донесе одлука во која клиника ќе се породи.
Имено, таа реши да се породи во една добро позната белградска приватна клиника за што ќе мора да плати околу 3.000 евра дознава српски “Ало!”.

„Александра првично сакала да се породи во Америка, но таа се откажала откако нејзиниот лекар кој и ја водел бременоста, објаснил какви ризици носи нејзината бременост при така далечно патување. Откако на пејачката, по само неколку месеци и беше дијагностицирана ризична бременост, која вклучуваше и хормонална терапија, нејзините патувања беа забранети“ – изјави извор близок до пејачката за српскиот портал. Потоа, во договор со Филип, Александар решила да се породи во некоја домашна приватна клиника.

„Бидејќи е јавна личност, таа не сакаше да ги разгледуваа опциите поврзани со државните болници. Парите, се разбира, не беа проблем, како и оние 3.000 евра што ќе мора да ги платат. Тука ќе ја има потребната грижа, но и приватност“ – вели изворот.
Александра се консултирала со многу жени, но исто така и со нејзините колешки кои претходно биле во оваа клиника и откако слушнала само позитивни искуства, таа решила да се породи таму.

„Засега, Александра се планира да се породи природно, меѓутоа, ако нешто тргне наопаку, не е исклучено дека може да се случи да биде породена и со царски рез. Ќе биде препуштена во рацете на најдобрите гинеколошки експерти, а и нејзиниот сопруг Филип Живојновиќ ќе биде до неа при раѓањето на детето“ – заклучува соговорникот.

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Најнови вести