недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Познати

Синот на Брена слета во провалија- премрзнал додека не дојде помош по него

Синот на Брена слета во провалија- премрзнал додека не дојде помош по него

Поради лошите временски услови и снег на коловозот синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ доживеал сообраќајна несреќа враќајќи се од Копаоник.

Имено со оглед на тоа дека синот на пејачката возел полека неговата кола завршила во провалија.

-Стефан е добар возач, има силна кола, Мерцедес, но Копаоник тие денови беше затрупан со снег. Луѓето едвај со џипови се движеја, тој беше сам во автомобилот, додека неговиот брат Виктор остана да преноќи со пријателите, вели извор близок до семејството за српските медиуми.

Додава дека тој додека вртел на кривина се лизнал на патот и завршил во провалија.

-Среќа не се повреди. Ниту колата не е многу оштетена, но Стефан претрпел шок. Стефан веднаш викнал влечна служба, но додека таа дошла тој смрзнал до студ. Тој не сакал да и каже на својата мајка за да не се потресе, додава изворот.