вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 141
home Познати

Синот на Бора Дрљача емотивно: Жалам што не му ја исполнивме последната желба

Синот на Бора Дрљача емотивно: Жалам што не му ја исполнивме последната желба

Познатиот пејач Бора Дрљача почина на 11 октомври, а во последно гостување емитувано на ТВ Хепи, со тажен глас зборувал за најинтимните работи, за своите страдања, но и за непрежалени работи, како и тоа дека многу посакувал да има внуци.

– Најтешко ми е што немам внучиња, едниот син ми е оженет, снаата е многу добра, другиот син не е оженет, не сум среќен во животот. Првата жена ми се отру со таблети, втората почина од канцер… Џабе ми се сите ѕидини кои ги изградив кога нема внуци, изјави тогаш Дрљача.

Неговиот син Владимир сега вели дека жали што со татко си немал поблизок однос, но, вели тоа веројатно е причина што изразнал без мајка и дека не може да ја препознае дури на слика.

Сепак Владимир посочи дека до последен момент верувал дека Бора ќе ги надмине здравствените проблеми, но најмногу жали што не му му ја исполнил последната желба.

– Ете не му ја исполнивме последната желба да добие внуче што го чекаше. Не добивме дете но ако добиеме син ќе му го дадеме дедовото име, рече Владимир.

Коронавирус