петок, 18. септември 2020. Вести денес: 76
home Познати

Синооката убавица Бар Рафаели осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета: Еве ја причината

Синооката убавица Бар Рафаели осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета: Еве ја причината

Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, манекенката Бар Рафаели, во неделата беше осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета со повеќе од 600.000 евра, од израелското правосудство, за затајување данок.

Израелскиот супермодел, телевизиска водителка и актера Бар и нејзината мајка воедно моден агент Ципи Левин, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за изрекување казна, беше осудена на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони, за заостанати даноци.

Израелскиот топ модел, со три милиони следбеници на Инстаграм, беше осудена на 20 јули за давање лажни изјави за период на престој во странство за да ги избегне израелските даноци.

Таа се изјасни за виновна според договорот кој предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, или 610.000 евра, како и компензација за заостанатите даноци.

Договорот го потврди судот на Тел Авив во неделата, пренесува АФП.

Израелските граѓани кои престојуваат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинуваат манекенката и нејзината мајка дека пријавиле измислен престој во странство за да ја искористат дупката во израелскиот закон и да плаќаат помалку даноци.

Бар Рафаели ќе започне со работа за општо добро на 21 септември.

Коронавирус