петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Симона Поповска во самоизолација покажа уште еден талент за кој можеби не сте знаеле дека го поседува

Симона Поповска во самоизолација покажа уште еден талент за кој можеби не сте знаеле дека го поседува

Карантинот или самоизолацијата поради коронавирусот можеби има и позитивни страни, односно имаме прилика да остане дома со своите најблиски, да уживаме во семејната атмосфера, да уживаме правејќи ги работите за кои велиме дека немаме време бидејќи живееме со пребрзо темпо на живот.

Многумина познати личности ги ставија на „стенд бај“ своите актвиности и ангжамани, па се самоизолираа во своите домови.

Македонските пејачи и пејачки се вклучија во живо преку социјалните мрежи каде што се дружеа со своите фанови, следбеници, па со музика пробаа да го „избркаат“ коронавирусот.

Македонската пејчака и докторка Симона Поповска овој период го користи за да се релаксира и ужива во својот дом.

Добро знаеме дека Поповска има талент за музика, но знаете ли дека дека нејзините вешти раце имаат и талент за готвење? Епа, да.

Иако на социјалните мрежи таа често објавува фотографии од своите професионални активности и ангажмани, овој пат Поповска покажа уште талент за кој можеби многумина не знаеле дека го поседува.

Имено, таа покажа дека знае да готви и тоа не било што, туку специјален рецепт од книга за готвење, односно мусака од тиквички. Со крајниот резулатат пејачката се пофали на социјалните мрежи.

На око ова изгледа убаво, но дали е вкусно, тоа може да каже оној кој го пробал специјалитетот.

Дали овие денови, Поповска повторно ќе ги засука рукавите и ќе подготви уште некое јадење останува да видиме.

Коронавирус