вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 30
home Познати

Силиконската стралета покрај телото, ја разголе и душата: Станија завршила кај психијатар! (ФОТО)

Силиконската стралета покрај телото, ја разголе и душата: Станија завршила кај психијатар! (ФОТО)

Најпознатата српска старлета Станија Добројевиќ откри дека побарала помош од психијатар по учеството во реалното шоу. Станија беше гостинка во емисијата „Магазин Ин“ кај водителката Сања Маринковиќ, каде откри непознати детали од нејзиниот живот, што малкумина ги знаат.


Имено, водителката ја праша својата гостинка дали некогаш побарала помош од стручно лице и психотерапија по излегувањето од реалното шоу, на што Станија одговори:

„Побарав, ми беше многу тешко да се носам со разни написи во весниците и порталите кои главно беа измислени. Моето семејство страдаше поради тоа, го отворам весникот или кликам на Интернет, и плачам кога ќе видам што излегло за мене, и како тоа ќе го доживеат мајка ми и брат ми“ – рече старлетата и додаде:

„Потоа отидов кај психијатар да видам дали сум целосно добро, а тој ми рече дека сум и дека сум здрава и дека не треба да земам лекови, а  кога ги читам тие наслови, да ги доживувам како да е некој друг во прашање, по што почнав објавите се’ помалку да ги сфаќам  лично и трауматично“ – рече Станија во емисијата „Магазин ин“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија