недела, 26. септември 2021. Вести денес: 19
home Познати

„Си го сакам старото лице назад“: Познатата ријалити ѕвезда фрли брдо пари за неколку пластични операции во еден ден, а изгледа како монструм

„Си го сакам старото лице назад“: Познатата ријалити ѕвезда фрли брдо пари за неколку пластични операции во еден ден, а изгледа како монструм

ТВ и ријалити ѕвездата Кејти Прајс (43) ја носи титулата ‘ветеранка во естетската хирургија’, а неодамна по којзнае кој пат отиде во Турција на нови зафати.

Со себе ја понела и својата екипа сниматели за на публиката на Јутјуб да ѝ го претстави своето искуство, а тоа го прави секогаш, бидејќи сака сè да документира. Таа со следбениците споделила дека „изглеа како монструм“, после последните естетски зафати низ кои неодамна поминала.

Овојпат Кејти отиде во Турција на липосукција, лифтинг на очите и усните, липосукција под брадата и вбризгување сало во задникот.

Ѕвездата и сама признава дека изгледа непрепознатливо и застрашувачки.

„Ова е пекол, беше морничаво. Кога сè беше готово, помислив дека изгледам како чудовиште од хорор филмови. Бев уверена дека ќе умрам или дека на крајот ќе изгледам како морничава кукла. Се разбудив полна со дупки и конци на телото. Само ја сакам старата Кејт назад“, вели таа.

Кејти во повеќе наврати рекла дека повеќе ни сама не знае колку зафати имала. Само операции на градите имала околу 12, а вели дека ботоксот повеќе нема никаков ефект на неа, бидејќи многу често го користела до својата 30-та година.

Коронавирус