сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 96
home Познати

Си-Ен-Ен тврди дека кралицата го молела принцот Хари да почека

Си-Ен-Ен тврди дека кралицата го молела принцот Хари да почека

Кралицата Елизабета Втора го молела нејзиниот внук принцот Хари да не го објавува соопштението дека тој и неговата сопруга Меган ќе се повлечат од високите должности во кралското семејство, пред да се договори со другите членови на семејството, но тој го игнорирал нејзиното барање.

По објавата, соопштено е дека Бакингемската палата се обидува да разработи план за принцот Хари и неговата сопруга Меган, американска државјанка, откако најавија дека ќе се повлечат од извршувањето на должностите кои им припаѓаат како членови на кралското семејство и поголемиот дел од времето ќе го поминуваат во Северна Америка.

Сепак, пренесува Си-Ен-Ен, и по објавата, Хари и Меган се уште сакаат луѓето да им се обраќаат со „ваше кралско височество“ и се уште се однесуваат како важни кралски фигури и живеат во Фрогомор, за кој британските даночни обврзници годишно плаќаат три милиони долари за одржување.

Принцот Хари и Меган Маркл во средата ја изненадија јавноста со одлуката дека сакаат да водат понезависен живот за кој се надеваат дека ќе можат сами да го финансираат.

Коронавирус