Минатиот викенд беше во знак на нивната венчавка. Меган и Хари го одложија медениот месец поради роденденската прослава на принцот Чарлс. А како им изгледаат првите брачни денови?
Најследениот светски пар се фотографирани денеска како ја напуштаат Кенсигтонската палата и ова е нивната прва слика по венчавката.
Најавено е дека засега нема никаде да патуваат, зашто семејните обврски им наложуваат да присуствуваат на јубилејниот 70. роденден на принцот Чарлс.
Исто така, како што пишуваат островските медиуми, парот најверојатно одморот ќе го помине во Боцвана.