недела, 20. септември 2020. Вести денес: 68
home Познати

Што ќе ѝ подари принцот Хари на Меган за нејзиниот роденден?

Што ќе ѝ подари принцот Хари на Меган за нејзиниот роденден?

МЕГАН МАРКЛ денес го слави својот 39 роденден. Војвотката од Сасекс моментално живее во Лос Анџелес со нејзиниот сопруг принцот Хари (35) и нивниот син Арчи. Каков подарок ќе ѝ купи нејзиниот сакан?

Роденденот на Меган денес најверојатно ќе се прослави во славната палата што му припаѓа на американскиот комичар Тајлер Пери, каде што таа и принцот Хари престојуваа со својот млад син. Кралски експерт тврди дека роденденот ќе се слави со патување.

Кралскиот експерт Кејти Никол рече: „Беше многу стресно време за Меган, така што воопшто не би ме изненадило ако таа навистина одлучи да оди само на патување и да има промена на „сценографијата“ во нивните животи.

„Мислам, тие биле во куќата што ја изнајмуваат уште од почетокот на март до сега. Навистина не беа скоро никаде. Тие не ги видоа ни како што треба нивните пријатели.

Каков подарок може да ѝ приреди принцот Хари на својата сопруга овој роденден?

Експертот тврди дека е многу веројатно Хари даѝ подари на својата сопруга сопствено дизајниран накит.

„Хари има слабост во дизајнирањето накит за Меган, па се очекува принцот да дизајнира уште едно „зашеметување“- вели екпсерот за Инсајдер потенцирајќи тека се шушка оти тоа се обетки.

Меган има голема страст кон накит долги години, многу пред да се запозна со принцот Хари.

Таа сака да носи накит што многу значи за неа, а честопати и нејзините скапоцени камења го симболизираат она што се случува во нејзиниот живот во тој момент.

На пример, откако ја објави бременоста, беше видено како носи три нови прстени, еден од раѓањето, еден подарок од Хари и еден во знак на нејзниот син.

Набргу по запознавањето со Хари, Меган Маркл започна да носи накит посветен на него.

Најнови вести

Коронавирус