недела, 25. јули 2021. Вести денес: 0
home Познати

Шокантно: Романа оди во затвор, крадела пари од банкомати! Го достигна дното

Некогашната ѕвезда Романа која одеше по јахти, скапи хотели и беше во друштво со најмоќни личности, сега во тага, бед и срам !
Шокантно: Романа оди во затвор, крадела пари од банкомати! Го достигна дното

Пеачката Романа Паниќ(45), денеска е уапсена заради кражба на пари на банкомати во Автралија, а според најновите сознанија тоа го правела со нејзиниот дечко Филип(40). Со употреба на софистициран систем снимале луѓе кои користат банкомати, а потоа ги копирале податоците и банкарските картички. Осудени се на 14 и 12 месеци затвор, јавуваат австралиските медиуми. Оваа вест го шокираше регионот затоа што токму Романа била една од најпопуларните ѕвезди во деведесетите. Нејзиниот раскошен богат живот не укажувал дека би можела да направи нешто вакво противзаконско.

Паниќ ја имала таа среќа уште од почетокот на својата кариера да соработува со големи имиња како што се Марина Туцаковиќ и Жељко Јоксимовиќ, кои и помогнале да влезе во светот на естрадата.

Нејзиниот врв во кариерата се случил во 2004 година со баладата “Никогаш и засекогаш”, кога победила на фестивалот “Сончеви скали”.

Таа песна за кратко време станала голем хит и една од најслушаните балади во тоа време. Во тоа време и тргнало и на љубовно поле.

Коронавирус