вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Шокантно признание на најголемата тинејџерска ѕвезда: „Сакав да се самоубијам, да земам наркотици и да ги злоупотребувам жените“

Шокантно признание на најголемата тинејџерска ѕвезда: „Сакав да се самоубијам, да земам наркотици и да ги злоупотребувам жените“

Џастин Бибер објави на Инстаграм сведоштво за неговиот проблематичен приватен живот.

Една од најголемите тинејџерски ѕвезди од модерната ера отворено призна дека до 19-годишна возраст тој имал проблем со наркотици и дека неговите самоубиствени мисли во еден момент од животот биле секојдневни.

Тој напиша дека на 12-годишна возраст неговиот живот се свртел наопаку кога станал глобална сензација од непознато момче што луѓето го сакале и го мразеле. Во постот, тој истакна дека го изгубил компасот затоа што пред да достигне зрелост имал милиони и сè што ќе посакал би можел веднаш да се добие. Тој напорно се справуваше со подеми и падови, а пред 19-годишна возраст беше зависник од дрога.

-Тоа е огромна количина на притисок за едно момче да помине низ вакви работи. До 18-годишна возраст, јас воопшто не бев способен за реалниот живот. Тоа се должи на фактот дека потекнувам од нестабилно семејство, напиша пејачот и додаде дека ги донесе своите најлоши одлуки до свои 20 години.

 

View this post on Instagram

 

Hope you find time to read this it’s from my heart

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Тој признава дека во еден момент бил ужасен кон жените, ги малтретирал и бил бесен.

Напиша дека се дистанцирал од сите што го сакале.

Денес, благодарение на верата, вели тој, станал подобар човек и имал благослов да ги има покрај себе луѓето кои навистина го сакаат.

Бибер вели дека неговиот брак со Хејли Болдвин му помогнал да биде добар човек затоа што бракот ги учи луѓето на трпение, обврски и сè што прават добрите луѓе.

„Исус те сака“, рече пејачот на крајот.

 

View this post on Instagram

 

Vacation ✅

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Коронавирус