среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Познати

Шокантни обвинувања: „Шенон Доерти лажеше за ракот за да се извлече на суд“

Шокантни обвинувања: „Шенон Доерти лажеше за ракот за да се извлече на суд“

Американската актерка Шенон Доерти (48) неодамна ја информираше јавноста дека ракот и се вратил, односно дека болеста е веќе во четврти стадиум.

На таа изјава реагираше осигурителната компанија „Стејт фарма“, која заклучила дека актерката ја злоупотребува болеста за да предизвика сожалување.

Од осигурителната компанија тврдат дека тоа би ѝ помогнало во судскиот спор.

Во март лани Шенон ја тужеше компанијата, бидејќи не ѝ го исплатиле целиот износ за поправање на нејзината куќа, која е оштетена во текот на пожарот во Калифорнија во 2018 година.

Нејзините адвокати тврдат дека морала од свој џеб да ги плати поправките кои инаку би требало да ги покрие осигурувањето и дека ова судење ѝ предизвикува дополнителен стрес за време на тешката болест.

„Шенон Доерти умира од рак кој е во четвртата фаза. Наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија“, пишуваат странските медиуми.

Компанијата досега ѝ исплатила 1,1 милион долари, а Шенон тврди дека трошоците на комплетната поправка изнесуваат речиси четири милиони долари.

Најнови вести

Коронавирус