четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 0
home Познати

ШОК: Почина Мис Универзум

ШОК: Почина Мис Универзум

По долго и тешко боледување, победничката на натпреварот Мис Универзум во 1995 години, Челси Смит почина на 46 години.

Пролетта во 2017 година на Челси и бил дијагностициран рак на црниот дроб.

Кариерата таа ја започнала во 1994 година кога била крунисана за Мис Галвстон, а следната година за Мис Тексас и Мис САД.

Смит е единствена манекенка мелез која ги освоила овие три титули.

Убавицата, откако дознала за болеста, заминала кај својата мајка во Пенсилванија каде останала до смртта.

-Срцата ни се скршени што мораме да кажеме дека Челси Смит почина по тешка болест. Челси беше сакана ќерка, братучетка и пријател. Ќе ни недостасува нејзиното заразно смеење, желбата за живот и слободниот дух. Остави неизбришлива трага кај сите кои ја познаваа, се вели во соопштението од нејзиното семејство.