сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 14
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Шехерезад со моќна порака поради коронавирусот: Лекарите се плашат да ги прегрнат своите најблиски кога ќе се вратат од работа, затоа останете дома!

Шехерезад со моќна порака поради коронавирусот: Лекарите се плашат да ги прегрнат своите најблиски кога ќе се вратат од работа, затоа останете дома!

Познатата турска актерка Бергузар Корел позната како Шехерезад преку социјалните мрежи испрати силна порака до своите обожаватели.

Имено, таа ги повика фановите да не се жалат за тоа што седат дома, туку да размислат како им е на лекарите и медицинскиот персонал кои што живеат со стравот да не ги заразат своите најблиски.

Таа додава дека за докторите домот е претворен во луксуз, бидејќи работаат без престан и кога ќе пристигнат дома се плашат да ги прегрнат најблиските.

-Нема зошто да се нервираме по дома. Размислете за целиот медицински персонал кој што во моментов работи во болниците. Сите тие кога ќе си одат дома се плашат заразата да не ја пренесат на некој од своите сакани. Домот за кој вие се нервирате, за нив е луксуз. Не мислете само на себе, туку и за другите, пишува популарната турска актерка.

-Останете дома! Не излегувајте од дома, дополнува таа.

Најнови вести

Коронавирус