вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Познати

Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО)

Шеф Влатко Огненовски „легна на брашно“, подготвен да „рипне во тавче“: Убавата Украинка Олга му го зачини животот (ФОТО)

Требаше да биде банкар… По теркот  на неговите родители… Да ја продолжи семејната традиција, ама… Наместо зад шалтерот или крај сефот, заврши крај шпоретот во кујната! А таму, како што е банкарот на Лила  најпознатиот и најпопуларен банкар, така и Шеф Влатко Огненовски стана најпознатиот готвач  во Македонија, а можби и пошироко… Волшебник во кујната, чии раце намирниците и зачините ги претвораат во вистинска гастрономска уметност, чиј изглед, мирис и вкус ги опиваат сетилата, мамејќи ги и очите и душата.

Секој што ја пробал неговата магија од кујната пренесена на трпезата, знае дека вкусил дел од светската кулинарска традиција, преточена во еден сегмент од неговиот гастрономски мозаик на знаења, искуства и кулинарски вештини.

Сепак, времето тече, годините минуваат, а Шеф Огненовски опиен од кулинарските мириси во неговиот свет, несебично животот ќе и го посвети на својата љубов и пасија претворени во професија… Но, љубовта кон она што професионално те преокупира и исполнува не е доволна, ако е празна душата…

Пропатувал низ многу земји по светот, среќавал многу различни традиции, националности, религии, различни луѓе, различни кујни, убавини и убавици… Арно ама, ниту една до сега, до неговата 45 година не успеала да му влезе под кожа, да направи да му зоврие крвта во вените, а срцето да му заигра до таа мерка, за да може да каже дека ете, таа е ТАА – вистинската! Изборот на неговиот живот, неговиот омилен љубовен специјалитет!

Се до неодамна… До пред еден месец кога на едно од многуте патувања при престојот во Киев, Украина не ја запознал неа… Зачинот на неговит живот, зашто, како што и самиот вели, љубовта тоа и е… Особено кога истата ќе се роди на прв поглед!

Русокосата украинска убавица Олга Кошченко, која ќе му ги побрка „љубовните лончиња“, потикне сетилата, активира хемијата… Тогаш се’ друго станува неважно… Освен таа, љубовта на неговиот живот, неговата „дјевушка блондинка“ без која секоја ноќ е проклето долга како Волга… неговата Олга! Зашто како што самиот еднаш ќе изјави: „Без љубов си никој и ништо“! Во кујната, ама и во животот!

Убавата Украинка за миг ќе го маѓепса, па Шеф Влатко по дружбата со неа и доаѓањето дома, има само една мисла во главата: Како да ја види повторно? И одлуката е донесена… Рецептот за животна среќа е пронајден! Олга мора да биде негова, да стане македонска снаа!

Свршенички прстен и повратен билет за првиот лет во правец Скопје – Киев – Скопје… Зашто кога душата е гладна, а срцето празно, кујната не е доволна, а уште помалку комплетна. Доволен е само еден бакнеж, неговото парашање ДАЛИ… и нејзиното… ДА! И шармантната Украинка од април е новата македонска „шефица“… Или поточно, најдрагоцениот и најскап зачин во кујната на неговиот живот. Најубавиот и најслаткиот специјалитет во животното мени на Шеф Влатко Огненовски! Дјакују! Нека им е среќно и вечно!