недела, 26. септември 2021. Вести денес: 42
home Познати

Шакира заплеткана во голем проблем: Поради милионски долг ѝ се заканува затвор!

Шакира заплеткана во голем проблем: Поради милионски долг ѝ се заканува затвор!

Според претпоставките, таа може да заврши на судење, па дури и зад решетки.

Популарната пејачка Шакира, наводно не плаќала данок во периодот од 2012 до 2014 година. Затоа се најде во големи проблеми.

Очигледно, за неа ќе биде отворен судски процес поради наводниот долг за неплатени даноци во износ од 14,5 милиони евра, за што е обвинета од Државното обвинителство во Барселона.

Пејачката наводно го направила овој долг помеѓу 2012 и 2014 година, а шпанскиот судија проценил дека видел „доволно основи“ за судење.

Шакира се брани. Истакнува дека во тој период била даночен обврзник на Бахамите, каде што живеела, а не на Шпанија.

Во Шпанија само повремено патувала, а официјално се преселила таму дури од 2015-та година кога и започнала да плаќа данок.

Доколку не се постигне вонсудска спогодба, Шакира може да заврши на обвинителна клупа и во затвор, објави во четвртокот „Ла Вангуардија“.

Коронавирус