среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Познати

Шакира одлично жонглира со учењето и мајчинството

Шакира одлично жонглира со учењето и мајчинството

Шакира им се пофали на своите фанови на Инстаграм дека успеала да заврши четиринеделен курс по филозофија и покрај тоа што е мајка со полно работно време на децата Милан (7) и Саша (5).

Атрактивната Колумбијка (43) – која е мажена за фудбалската ѕвезда, дефанизивецот на Барса, Џерард Пике – сподели фотографии на кои позира со својот сертификат, на кој се гледа дека го учела модулот за „Платон и неговите претходници“.

Покрај сликата, Шакира – која течно говори шпански, англиски, арапски и португалски јазик – напиша: „Само што дипломирав на четиринеделен курс за античка филозофија на Универзитетот во Пенсилванија.“

„Го искористив времето додека спиеја децата. Им благодарам на Платон и на претходниците за целата забава во текот на изминатиот месец! “

Таа претходно откри дека се облекувала како маж кога одела на универзитет па дури и користела друго име.

Откако го издаде албумот Oral Fixation vol. 2 во 2016 година Шакира реши да направи пауза од музиката и се запиша на курс по историја во УКЛА (UCLA).

„Ми требаше одмор од самата себе. Универзумот е толку голем, и јас не можам да останам во центарот. Затоа, решив да одам на универзитет и да студирам историја на летен курс, сакав да го вкусам студентскиот живот,“ рече поп-ѕвездата.

„Да можам, би одела на универзитет повторно и повторно“, вели латино-дивата.

 

Коронавирус