вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 5
home Познати

Шакира не сака да се мажи: Сакам да му бидам љубовница на Пике!

Шакира не сака да се мажи: Сакам да му бидам љубовница на Пике!

Иако се заедно веќе 10 години и со прашањето за датумот на одење пред олтар сè повеќе се среќаваат, колумбиската поп-ѕвезда Шакира (42) одлучила да појасни зошто со својот партнер, славниот фудбалер Жерар Пике (32) сè уште не е во брак.

– Не сакам да се мажам. Искрено, бракот ме плаши. Не сакам Жерар да ме гледа како своја сопруга, туку како своја девојка, љубовница. Таа страст ми е важна, тоа е како забрането овошје. Претпочитам да го држам на прсти и да мисли дека сè е можно во зависност од неговото однесување – појаснила Шакира.

Двојката се запозна во текот на Светското првенство во Јужноафриканската Република 2010 година. Тој тогаш настапуваше за фудбалската репрезентација на Шпанија, а Шакира ја испеа химната на првенството „Waka Waka“.

Шакира и Пике заедно ги имаат синовите Милан (6) и Саша (4), а се чини дека на овој малку неконвенционален пар венчалниот лист и церемонијата не им значат премногу.

Најнови вести

Коронавирус