петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 26
home Познати

Северина живее во рај вреден скоро милион евра, но сепак соседите открија премногу за неа – ги вмешаа и нејзините двајца поранешни (ФОТО)

Северина живее во рај вреден скоро милион евра, но сепак соседите открија премногу за неа – ги вмешаа и нејзините двајца поранешни (ФОТО)

Северина е една од најпопуларните пејачки во регионот и пошироко и го сака животот на висока нога, а доказ за тоа е нејзиниот стан во Сплит сместен на самата обала од морето.

Таа има поглед на една од најпознатите плажи во Далмација, а оваа луксузна недвижност се наоѓа во Жнјан кој важи за еден од најлуксузните квартови во Сплит.

Нејзиниот стан се наоѓа на улица која го добила името според папата Јован Павле Втори кој на таа улица одржал говор во 1998-та година.

Таа ова го откри и во една своја објава на Инстаграм.

-Стојам на својата тераса на улицата Јован Павле Втори, беше мој омилен папа. Крст е поставен токму тука каде прв пат одржал говор во Сплит и тој се наоѓа на врвот на едно брдо, напиша тогаш Севе.

Цената на становите помали од 100 квадрати во овој дел од градот изнесуваат и до 650 илјади евра во зависност од квадратурата и локацијата, а пејачката се наоѓа на едно од најлуксузните места.

Екипата на српски Курир поразговарала со соседите на Северина во Сплит кој имале и што да откријат.

-Од неодамна го промени презимето на домофонот од Којиќ во Вучковиќ. Тогаш нас ни беше јасно дека навистина се разведува, мајка и често доаѓа, а најмногу преку летото и за Велигден, но и другите празници. Секогаш ме поздравува кога ќе се сретнеме во влезот, фина е, вели соседот Марио.

Сосетката пак Антонија не го дели истото мислење со Марио.

-Неколку пати ја имам видено нерасположена, мене не ми одговараше. Мајка и е пристојна жена, еднаш стоеше пред крстот и се молеше или медитираше гледајќи во небо. Тогаш нејзината ќерка имаше големи проблеми околу старателството на синот, вели таа.

Додава дека Милан Поповиќ нејзиниот поранешен свршеник имал големи планови за овој дел од градот.

foto: Damir Dervišagić

Коронавирус