недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Познати

Северина свика прес-конференција и откри шокантни детали: Наставнички го злоставувале и физички го нападнале мојот син во училиштето

Северина свика прес-конференција и откри шокантни детали: Наставнички го злоставувале и физички го нападнале мојот син во училиштето

Пејачката Северина Којиќ на прес конференцијата изнела тешки обвиненија на сметка на училиштето на нејзиниот син.

Тврди дека учителките го злоставувале. Од училиштето порачале дека ќе се воздржат од коментари за доброто на детето.

„Ми се случуваат многу тешки работи во однос на мојот живот со детето и сопругот. Имено, во петокот, на 11-ти октомври во училиштето каде што син ми е во второ одделение во меѓународна програма, се случи инцидент кога мојот сопруг, кој уредно заедно со мене го зема детето од училиште, појде да го земеме детето од настава, а од училиштето не му го дале, туку го заклучиле, физички и психички го малтретирале и го држеле затворен повеќе од два часа“, го започнала своето обраќање Северина на прес конференцијата.

„Иако по судскиот договор мојот сопруг има право да го земе детето од училиште, сепак директорката на училиштето, која има многу тужби од други мајки, заедно со таткото се договориле никој освен мене да не смее да го земе детето, па така јас сум единствената мајка која не може да си ја заврши својата работа. Јас сум единствена мајка која не може да биде болна, имено, им испратив извинување бидејќи имав мала повреда на проба за танц итн… До денес од тоа училиште никој не ме повикал, добивам заканувачки меилови од таткото, детето не сака да учи во тоа училиште, бидејќи доживеало мала траума. Син ми мислел дека цело време ќе биде затворен во училиштето“, продолжила пејачката и ја раскажала ситуацијата која наводно се случила.

„Го влечеле за раце, за рамена, за стомак, а за сето тоа имам и лекарска потврда. Му се заканувале дека ако стане од столчето, бидејќи велел дека сака да оди кај Игор – ќе го истепаат. Дури после два ипол часа малтретирање, директорката која не се појавила во училиштето, рекла дека таткото дал дозвола мојот сопруг да го земе детето“, тврди Северина.

Како што вели пејачката, овие информации морала јавно да ги сподели.

„Јас сум единствена мајка која не смее на Инстаграм да сподели фотографии од синот, бидејќи мојот поранешен сопруг го реши тоа на сомнителен начин“, тврди Северина.

Медиумите ја побарале директорката која рекла дека се воздржува од било какви коментари, за доброто на детето, бидејќи смета дека секое дете заслужува да има спокојно, односно мирно детство.