петок, 14. мај 2021. Вести денес: 71
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски во посета на општина Битола

home Познати

Северина ја нападна Јована Јоксимовиќ во емисија во живо: Таа ги пушташе моите голи фотографии!

Северина ја нападна Јована Јоксимовиќ во емисија во живо: Таа ги пушташе моите голи фотографии!

Хрватската пејачка Северина Којиќ гостувала во емисијата „150 минути“ на ТВ Прва, а во која зборувала за кампањата „Хејт, Словени“, во која учествуваше, за во еден момент, на изненадување и на самата водителка, почнала да зборува за водителката и новинарка Јована Јоксимовиќ, инаку сопруга на кантавторот Жељко Јоксимовиќ.

Иако Јована не била тема во емисијата, Северина сепак решила да ја критикува, пишува „Република.рс“.

– Имав непријатност со вашата телевизија. Водителката во утринската програма ги емитуваше моите голи фотографии, што беа украдени од мојот мобилен телефон. Нашите деца заедно си играа, го познавам и нејзиниот сопруг, кој е пејач. Еднаш дури му го пишував и репертоарот за концертот. Значи, нивното дете и моето дете заедно си играа, ние се дружевме, како пријатели, но неврзано за тоа, такви работи едноставно не се прават. Ги емитуваше тие фотографии во 10 часот наутро. Тоа беше страшно“, раскажала пејачката на изненадување на многумина.

На прашањето на водителката, дали ѝ се јавила на Јована по немилата случка, Северина одговорила:

– Не, оттогаш не сме се слушнале – рекла пејачката.

По прозивката на Северина, ја контактирале Јована Јоксимовиќ, која рекла:

– Не сакам да коментирам. Ви благодарам на повикот. Пријатно и догледање – рекла водителката.

Најнови вести

Коронавирус