понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 19
home Познати

Северина и Игор пред развод, парот ги избришаа сите заеднички фотографии на Инстаграм

Северина и Игор пред развод, парот ги избришаа сите заеднички фотографии на Инстаграм

По сите шпекулации дека се разведуваат, Северина и Игор Којиќ направија уште еден потег кој ги подгреа приказните дека на нивниот брак им дошол крајот.

Веќе една година се зборува дека Северина и Игор не се заедно и дека не се во добри односи, а нивниот потег на Инстаграм уште повеќе ги подгреа гласините.

Овој пат, пејачката ги избриша фотографите откако медиумите објавија дека Северина го предложила Игор за сведок на рочиштето за училиштето во кое оди нејзиниот син. Така на нејзиниот профил повеќе нема фотографии од претходното лето кога Севе му го честиташе роденденот.

„Среќено впловувување на ова прекрасно машко суштество во 33 вртежи! Среќно, љубов. Сакам дека се сакаме. На љубовта се возвраќа со љубов“ – напиша тогаш Северина, а тој и одговори: „Велат дека Исусевите години се најубави. Ти благодарам љубов“, напиша тој.

Ни на Инстаграм профилот на Игор нема фотографии кои ги објави на почетокот на јуни во текот на претходната година.

„Љубов која не се мери со лајк и следење. Мој ангел, најубава душа и најдобра мајка на светот, напиша Игор.

Сепак, останатите фотографии кои претходно ги објавувале се уште стојат на нивните профили на Инстаграм.

Досега Северина и Игор не се огласија по приказните дали се разведуваат.

ЕУРО 2020

Македонија