сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 29
home Познати

Сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога тој би наполнил 37 години (ФОТО)

Сестрата на Тоше ги расплака сите на денот кога тој би наполнил 37 години (ФОТО)

Балканскиот ангел, како што фановите го нарекуваа Тоше додека беше жив, на денешен ден, 25 јануари би наполнил 37 години. Денеска на неговиот роденден, фановите традиционално одат на неговиот гроб, палат свеќи и се сеќаваат на Тоше, кој зад себе остави хитови кои никогаш нема  да се заборават, но она што е поважно, зад себе остави позитивна енергија и љубов за сите.

На денешниот ден посебно тажна е Дора, сестрата на Тоше, која на гробот запалила свеќи, но однела и торта на која пишува „Те сакам“.

-Најмило мое – кратко напишала Дора под една фотографија.

Инаку Дора во една потресна исповед рекла дека имала чувство како Тоше да ја претчувствувал својата смрт.

-Мислам дека Тоше ја претчувствуваше својата смрт. Пред неколку месеци му јавив колку ќе му биде убав спратот во семејната куќа, а тој само рече: Радувај се Цеце, бидејќи ти ќе се вселиш таму. Во една прилика дојде на ручек во Крушево, а тато не беше таму. Тоше му се јави и му рече брзо да дојде бидејќи уште малку ќе го гледа. Му рече дека после ќе го гледа да на фотографија. Тој често беше замислен, а јас му велев дека животот е убав и дека луѓето го сакаат. Тој ми рече: Животот навистина е убав. Само да потрае уште малку- раскажала Дора во едена прилика.