сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 8
home Познати

Сер Род Стјуарт е најстариот пејач на врвот на топ листата во Велика Британија

Сер Род Стјуарт е најстариот пејач на врвот на топ листата во Велика Британија

Сер Род Стјуарт стана најстариот пејач на врвот на топ листата на најпродавани албуми во Велика Британија, соопшти Би-Би-Си.

Стјуарт, кој има 74 години и 11 месеци, за три месеци го надмина досегашниот рекордер, америкнскиот пејач Пол Сајмон.

На Стјуарт, меѓутоа, ќе му бидат потребни уште многу години за да го собори и рекордот на најстарата пејачка на врвот на топ листата, Вера Лин, која во 2014 година се најде на првото место на листата на своја 97-годишна возраст.