среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Познати

Семејството во шок откако овој човек сака дел од наследството: Ќерката на Шабан Шаулиќ прозборе за тестаментот на пејачот

Семејството во шок откако овој човек сака дел од наследството: Ќерката на Шабан Шаулиќ прозборе за тестаментот на пејачот

Ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа, пејачката Илда Шаулиќ, зборуваше за татковиот тестамен за кој се појавија доста шпекулации во српските медиуми.

Во последните денови се појавија гласини дека синот на пејачот Роберт Омаљев има докази кои ќе ги покаже на суд и со истите ќе ја побие волјата на Шабан и дека вдовицата на Шаулиќ нема да може да го спречи тоа.

„По заминувањето на татко ми не им се јавувам на новинарите и не давам интервјуа. Не знам за што пишуваат. Каков тестамент, се уште не е во постапка. Не сакам да коментирам ништо“, рече Илда за српски Пинк.рс.

На крајот од минатиот месец Роберт изјави за локалните медиуми дека долго време размислувал што треба да направи во врска со оваа ситуација.

„Сите ми кажуваат дека имам право на сопственост, односно дека нема разлика меѓу другите деца на Шабан и мене“, рече Роберт во таа прилика.

После само еден месец откако засекогаш замина легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, неговата вдовица Гордана Шаулиќ доби решение за пензијата која ќе ја прима во иднина, а која ја наследи сопруг.

Како што дознава српски „ВИП“ од извор близок до семејството, Шаулиќ неколку децении плаќал придонеси во Австрија врз основа на што неговата сопруга ќе добива пензија од 3.600 евра месечно.

„Шабан повеќе од 30 години плаќаше данок во Австрија поради што стекна австриска пензија. За жал, не стаса да ужива во неа затоа што прерано замина, но затоа неа ја наследи Гоца“, рекол извор близок до семејството и додал дека тој износ не може да се спореди со примањата кои ги имал Шабан додека настапувал.

„Шабан месечно заработуваше хонорари со кои ретко кој пејач може да се пофали, а така беше буквално од почетокот на неговата кариера. Беше еден од омилените пејачи на ромските веселби, а за неколку часа пеење на свадбите добиваше хонорар и до 15 илјади евра“, завршил изворот.