недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Познати

Семејството Шаулиќ неутешно чека правда: Одложено е судењето на убиецот, еве од што стравува тој

Семејството Шаулиќ неутешно чека правда: Одложено е судењето на убиецот, еве од што стравува тој

Судскиот процес против Турчинот Алсин Левент, обвинет за предизвикување сериозна сообраќајна несреќа во која загина народниот музичар Шабан Шаулиќ и неговиот пријател Мирсад Кериќ, е одложен поради пандемија на коронавирус.

Судскиот процес беше закажан за 27-ми март во Германија, а новиот датум не е познат бидејќи не е познато ниту кога кризата ќе се смири.

Левен ја контактирал полицијата одговорна за контролата врз него и ги известил дека ја сменил адресата. Причината за ова е што тој бил исплашен за неговата безбедност.

Фановите на Шаулиќ ширум светот, покажаа огромен интерес за судењето барајќи највисока казна за оној кој им го уби омилениот пејач.

Преку социјалните мрежи, фановите се договарале да дојдат во Германија на денот на судењето.

Семејството на пејачот не се огласи по повод.

Парламентарни избори 2020