сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 55
home Познати

Семејството на принцот Хари ќе го помине Божиќ во Канада

Семејството на принцот Хари ќе го помине Божиќ во Канада

Кабинетот на принцот Хари потврди дека тој и неговото семејство ќе бидат во Канада за Божиќ, јавија медиумите.

Престолонаследникот, неговата сопруга Меган и нивниот 7-месечен син Арчи ќе го пропуштат традиционалниот божиќен собир организиран од кралицата Елизабета во нејзината замок Сандрингам.

Синоќа, официјалните претставници на Бакингемската палата потврдија дека семејството на Хари е во Канада, но не дадоа дополнителни детали.

Пред да се омажи за Хари, Меган живееше и работеше во Канада.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, го пречека семејството со твитот. „Принц Хари, Меган, Арчи, на сите ви посакуваме мирен и пријатен престој во Канада“, напиша тој. „Вие сте тука меѓу пријатели и секогаш сте добредојдени“, додаде Трудо.

Двојката се одмора од кралските должности, пренесува Асошиејтед Прес. Хари рече дека тој и неговиот брат принцот Вилијам во моментот биле на различни места.
Хари исто така изрази незадоволство што медиумите биле претерано опседнати за животот на неговото семејство.

Коронавирус