четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 169
home Познати

Семејството на Драгојевиќ со сериозно предупредување до сите оние кои сакаат да заработат од неговото име

Семејството на Драгојевиќ со сериозно предупредување до сите оние кои сакаат да заработат од неговото име

Семејството на Оливер Драгојевиќ им се обрати на сите оние кои се обидуваат да заработат злоупотребувајќи го името на хрватската музичка легенда.

– Семејството на Оливер Драгојевиќ со ова се обраќа до јавноста, како и до сите кои во негова чест сакаат да организираат какви било настани во негово име и уметничкото творештво да го користат за свои цели. Законот за заштита на личните податоци на Европската унија го штити поединецот во врска со слободниот пренос на такви податоци и секое неовластено користење и обработка на личните податоци се смета за противправно, се вели во соопштението објавено и на Фејсбук.

Посебно се нагласува тенденцијата за користење на името на Драгојевиќ во комерцијални цели.

– Љубезно ве замолуваме личните податоци на господин Оливер Драгојевиќ, посебно неговото име, да не го користите за промоција, маркетинг, концерти, приредби и слични настани, без претходно писмено одобрение од неговото семејство, бидејќи уметничката вредност на неговото име е и неизоставен дел, како од нас самите, така и од севкупното хрватско музичко наследство, се додава во објавата. (МИА)

Коронавирус