Селин Дион и Расел Кроу наводно се новиот пар.
Веста изненади голем број луѓе со оглед на тоа дека пејачката и актерот во изминатиот период минувале низ емотивна криза, но како што тврдат извори блиски со пејачката и актерот, токму тоа и ги зближило.
Имено, Селин долго време емотивно заздравува по смртта на сопругот Рене, а Кроу неодамна го финализираше разводот со Даниеле Спенсер.
Иако се уште нема никаков коментар од нив двајца, тие си биле голема поддршка.
-Во изминативе неколку недели често се гледани заедно и иако нивната врска е на почеток, имаат чувство дека се познаваат со години, вели извор близок до парот.