петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

Секси домаќинки: Сара Мејс и Снеже Велков „стегнати“ во иста комбинација за по дома (фото)

Секси домаќинки: Сара Мејс и Снеже Велков „стегнати“ во иста комбинација за по дома (фото)

Корона пандемијата долго време не измести од колсек, а сакале или не, принудени сме да го прифатиме предизвикот на новото секојдневие кој едвај чекаме да заврши.

Се’ повеќе сме затворени дома, па кој како знае и умее се снаоѓа да функционира поздраво и пофлексибилно, и за психа и за тело.

Водителката и фитнес инструкторка Снеже Велков не пропушта ден за вежбање, што на отворено, што во домашни услови.

И пејачката Сара Мејс се труди да ја одржува својата физичка форма, особено по породувањето, па бидејќи е задоволна од изгледот, се труди да го одржува.

Па така, во ист ден се погоди и Снеже и Сара да се активираат во домашни услови, а за таа прилика секако им требаше и спортска комцинација.4

Случајно, на „стори“ на Инстаграм истовремено објавија како се облечени во иста комбинација, односно хеланки со кои Сара позираше пред камера, задоволна од тоа како и прилегаат.

Важна беше мотивацијата, а кога огледалото ќе ги го покаже она што сакаш да го видиш, тогаш активирањето и по дома е полесно.

Коронавирус