понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 44
home Познати

„Сега можам да останам будна до колку сакам без да барам дозвола“ – како филмската ѕвезда Бети Вајт го прослави својот 99 роденден ?

„Сега можам да останам будна до колку сакам без да барам дозвола“ – како филмската ѕвезда Бети Вајт го прослави својот 99 роденден ?

Комичарката Бети Вајт наполни 99 години, животна пресвртница која малку луѓе некогаш ја достигнаа, а камоли изведувачи кои сè уште се во јавноста.

Вајт, која е најпозната по улогата Роуз Нуланд во серијата „Златни девојки“, снима и денес филмови и реклами.

Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолга телевизиска кариера во историјата.

Вајт на прашањето на што се должи нејзината долговечноста и виталноста одговори – „на вотка и хот дог“.

– Дали би поверувале ?! Јас го славам мојот 99-ти роденден што значи дека можам да останам будна колку што сакам без да прашам. Исто така, чест ми е да ве известам за повторното издавање на мојата долго изгубена серија по педесет години! Многу сум горда на „Сетот за миленичиња“. Се надевам дека сите се добро и дека ќе останат безбедни. Ќе го поминеме ова, напиша таа под објавеното видео на својот официјален Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty White (@bettymwhite)

Најнови вести

Коронавирус