сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 84
home Познати

„Се заразив од моја пријателка“: Поранешната македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ е позитивна на Ковид-19

„Се заразив од моја пријателка“: Поранешната македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ е позитивна на Ковид-19

Младата пејачка Ивона Јовановиќ од Куманово е уште едно име од музичката сцена која е позитивна на Ковид-19.

Дека вирусот не ја одминал сподели на социјалните мрежи, а во своето обраќање пишува:

-Дечки мои. Позитивна сум на Ковид тестот. Моите пријатели и луѓе со кои бев во контакт се информирани. Се одјавувам на 14 дена. Се надевам дека сте добро и дека се чувате!,напиша Ивана споделувајќи и фотогфарија на која лежи во кревет.

Таа за „Женски магазин“ откри дека се заразила од нејзина пријателка која немала никакви симптоми на вирусот.

-Знам како се заразив, од мојата пријателка, која подоцна дозна дека е заразена со ковид, бевме во контакт во петок и сабота. Мојата пријателка и до ден денес нема симптоми., открива Јовановиќ.

Инаку, од коронавирус неодмна беа инфицирани и го прележаа, пејачот Огнен Здравковски, неговата мајка Софче, а исто така позитивен беше и пејачот Боби Павловски.

Коронавирус