вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 25
home Познати

Се запишаа во Гинис: Хари и Меган собра милион следбеници на Инстаграм за помалку од шест часа

Се запишаа во Гинис: Хари и Меган собра милион следбеници на Инстаграм за помалку од шест часа

Војводата и војводката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл собраа милион следбеници на заедничкиот профил на Инстаграм, побрзо од кој било друг досега, соопшти денеска Гинисовата книга на рекорди.

Британската кралска двојка вчера отвори заеднички Инстаграм профил, кој доби милион следбеници за помалку од шест часа, со што е срушен рекордот на јужнокорејската поп ѕвезда Канго Даниел. Досега бројот на следбеници се зголеми на 2,6 милиони.

Хари и Меган го нарекоа профилот „сасексројал“ (sussexroyal) и наведоа дека ќе го користат за споделување важни објави.

– Добро дојдовте на нашиот официјален инстаграм профил. Се радуваме што ќе можеме да ги споделиме работите кои не движат, работите кои ги поддржуваме, што ќе можеме да најавуваме важни настани и ќе се обидеме да анализираме некои многу важни прашања, наведоа Хари и Меган во воведната објава на Инстаграм и се заблагодарија на поддржувачите кои ќе ги следат на оваа социјална мрежа.

Коронавирус