понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 136
home Познати

Се вљубил во неа кога влегла во неговиот бар: Љубовната приказна и семејниот живот на познатиот Ѕверка!

Се вљубил во неа кога влегла во неговиот бар: Љубовната приказна и семејниот живот на познатиот Ѕверка!

Крис Нот е воодушевен што уште еднаш станал татко

Актерот Крис Нот (65) оваа година ужива во неизмерна среќа, иако целиот свет се наоѓа во многу тешка ситуација. Популарниот актер од серијата „Сексот и градот“ кон крајот на февруари станал татко на уште едно момче. Ѕверка со 27 години помладата сопруга Тара Вилсон добил син кому пресреќните родители му го дале името Китс.

-Директно од небото пристигна нашиот втор син Китс, напишал тогаш Ѕверка воодушевено на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

Down from the heavens comes our second son- Keats! “ A thing of beauty is a joy forever”

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial) on

Потоа се случила вонредната состојба и изолација во која актерот Крис Нот уживал повеќе од сите останати.

Љубовната приказна на Крис и на неговата сопруга на многумина им личела на филмско сценарио. Се запознале случајно во Њујорк кога Тара дошла во неговиот бар да бара работа. Веднаш се вработила како келнерка, а на Крис му се допаднала на прв поглед. Се венчале на Хаваите по три години веридба и десет години врска.

Коронавирус